ВИДЕО | Јелена Томашевиќ: По тој голем скандал, сакав да се откажам од оваа работа

Фото: Промо

Јелена Томашевиќ се присети на нејзиното учество на српско-црногорскиот избор за Песна на Евровизија со песната „Јутро“ во 2005 година, која е нејзин голем хит. Тогаш, Србија и Црна Гора бираа заедничка песна како заедничка држава. На „Евровизија“ не отиде Јелена, туку црногорската група „Ноу нејм“, а Томашевиќ со песната „Оро“ беше српски претставник за 2008 година.

„Јас победив на „Беовизија“, и таа година добив нула поени од црногорското жири, и тоа беше голем скандал. Тоа беше голем удар, и јас за првпат се најдов очи в очи со тоа што значи музика, уметност и што значи тој шоу бизнис. Па си помислив: „Ако вака биде, ако вака луѓето прават, па не треба воопшто со ова да се занимавам. Но, победи љубовта кон музиката, и тоа дека сакам да работам, сакам да творам и да оставам нешто зад мене и кога ќе си заминам од тука“.

Српската пејачка ова го раскажа во емисијата „Еден на Еден“, а вториот дел од разговорот со Јелена во кој раскажува доста приватни и професионални приказни ќе се емитува в недела, од 18.30 на Канал 5. Во продолжение погледнете видео кое најавува дел од приказните на српската пејачка, сопругата на актерот Иван Босиљчиќ.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот