ВИДЕО | Јелена Томашевиќ: Ја учам мојата публика на музиката на Васка Илиева

Фото: Промо

Јелена Томашевиќ во неколку наврати има изјавено дека ја сака и ја пее традиционалната музика. Таа има испеано и една македонска народна песна „Судбо моја“, која своевремено ја пееше Васка Илиева. Јелена ја испеа како преработка со браќата Тавитјан и Гарабет Тавитјан на албумот „Македонското срце чука во 7/8“.

„Ја пеев „Судбо моја“ на неколку концерти, и има луѓе кои не ја знаат таа песна и потоа ме прашуваат: „Која песна е она? Што е ова, прекрасно е.“ Така што на некој начин, јас ја едуцирам мојата публика“, изјави српската пејачка во емисијата „Еден на Еден“, чија премиера ја гледавме сношти на Канал 5.

Целата епизода на „Еден на Еден“ со Јелена, сега е достапна и на Јутјуб. Сите приватни и професионални приказни на пејачката која на 12 јануари ќе пее во Скопје, погледнете ги на следниот линк:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот