ВИДЕО | Измамникот од „Тиндер“ тврди: Не сум чудовиште, само сакав да запознавам девојки

Шимон Хајут
Шимон Хајут / Фото: Скриншот, Јутјуб

Израелецот Шимон Хајут, кој лажно се претставувал како милијардерот Сајмон Левиев на Тиндер, даде интервју за првпат по прикажувањето на документарниот филм за него – „Тhe Tinder Swindler“.

Бројот на „романтични измами“ на Интернет е драстично зголемен: „Tinder Swindler“ не е единствениот пример

Во краткиот извадок од интервјуто, кое во целост ќе се емитува следната недела, тој тврди дека е невин и дека „не е чудовиште“.

„Го претставија како документарен филм, а во основа е измислен филм. Јас сум најголемиот џентлмен во светот. Не сум чудовиште како што ме прикажуваат. Јас бев само сингл маж што сакаше да запознае девојки на Тиндер“, изјави тој за „Inside Edition“.

По премиерното прикажување на филмот на платформата „Нетфликс“, Хајут ја ангажирал новата холивудска менаџерка Џина Родригез. Таа тврди дека нејзиниот клиент има докази со кои ќе ја докаже својата невиност.

„Се радува што ќе ја одбрани својата чест и што ќе ја раскаже својата страна од приказната. Го гледав документарниот филм на „Нетфликс“ и приказната ме заинтригира, но имав и многу неодговорени прашања. Бев љубопитна за неговата страна од приказната бидејќи таа не беше прикажана“, изјави Родригез за „LadBible“.

Во документарниот филм на „Нетфликс“, Сесилија Фјелхој, Пернила Сјохолм и Ајлин Шарлоте раскажуваат како биле измамени од Шимон, кој прво ги носел на луксузни патувања, а потоа од нив со измама изнудил големи суми пари.

ФОТО | Жена раскажува за своето хорор љубовно искуство: Ме измами преку Тиндер, сега сум „должна до гуша“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот