ВИДЕО: Историски говор на Крсте Црвенковски од 1968 година за македонско-бугарските односи

Говор на Крсте Црвенковски од 1968/Фото: Скриншот

Говорот на Крсте Црвенковски, народен херој од НОБ и, меѓу другото, секретар на Сојузот на комунистите на Македонија во периодот 1963-1969, е од неговото излагање во Собранието на Република Македонија во февруари 1968 година, по повод тогашните југословенско-бугарски односи и нивната динамика погледната од македонски контекст.

Во својот говор Црвенковски детално ги опишува активностите, но и проблемите меѓу југословенската и бугарската страна, вклучувајќи ги и средбите на Тито и Живков и контактите меѓу македонските и бугарските политичари и други општествени структури за унапредување на меѓусебните односи.

Во настапот на Црвенковски можат да се извлечат повеќе паралели, од тогашниот историски и политички контекст, за континуитетот на прашањата што ги оптоваруваат и денешните односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, како и неговата јасна заложба за понатамошна соработка и развивање на пријателството меѓу двете страни со почитување на основните идентитетски и суверени права на двата народи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот