ВИДЕО: Ирачките новинари се обидоа да го нападнат селекторот по елиминацијата од Купот на Азија

фото: EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Група ирачки новинари се обидоа да го нападнат селекторот на Ирак, Шпанецот Хесус Касас, на прес-конференцијата по осминафиналето на Азискиот куп против Јордан (2:3), каде фудбалерите на Ирак беа елиминирани од натпреварувањето.

Поразот на ирачкиот тим го навлече гневот на медиумите во земјата, бидејќи Ирак се сметаше за еден од фаворитите за освојување на титулата по беспрекорната серија на натпревари во групната фаза.

На конференцијата по натпреварот, неколкумина присутни новинари во салата станаа и гневно му упатија на Касас, кого го обвинија дека дава премногу интервјуа за шпанските медиуми за време на турнирот и дека не се фокусирал на турнирот.

– Ниту еден од селекторите на репрезентациите кои се пласираа во осминафиналето не дадоа интервју пред своите натпревари, како воопшто можеше да помислиш на тоа – прашаа тие, додека обезбедувањето мораше да интервенира за да ги спречи новинарите да му се приближат на шпанскиот стратег.

Претставниците на ирачките медиуми на крајот беа исфрлени од просторијата и остана само мала група странски новинари, пред кои Касас изрази жалење за тоа што се случи и се оправда дека интервјуата што ги дал не влијаеле на перформансите на неговите фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот