ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Битиќи за „Слободен печат“: Ако се побара од мене да служам како премиер подготвен сум да го прифатам предизвикот

Фатмир Битиќи - вицепремиер / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во утринското гостување во емисијата „Слободен печат“ изјави дека доколку општествениот консензус побара од него да служи на позиција премиер, тој би го прифатил предизвикот.

Јас велам дека мојата амбиција е да служам на граѓаните, ако се побара од мене да служам како премиер подготвен сум да одговорам на највисоко можно ниво на функцијата – вели Битиќи.

Очекувањата на Битиќи се дека ќе има одвоени избори – претседателски и парламентарни, а најави и дека наскоро ќе почне процедурата за избор на кандидат на претседателските избори.

 

-Нашите проекции се дека на претседателските избори ќе победи нашиот кандидат и дека тоа е доволно за да на парламентарните избори европскиот фронт има доволно пратеници да ја формира следната влада – додаде Битиќи.

Целото интервју со вицепремиерот Фатмир Битиќи погледнете го тука.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот