
ВИДЕО | Илјадници Палестинци се вратија во Газа по прекинот на огнот
Илјадници Палестинци почнаа да одат кон северна Газа, неколку часа откако израелската армија објави дека стапил на сила договорот за прекин на огнот. Сцените се одвиваат во област која претрпе голема штета од бомбардирањата во последните месеци.
Препорачано
По оштетените тесни крајбрежни патишта, некои мавтаа со палестински знамиња и го направија знакот на победата, според Би-би-си.
„Патот е долг и тежок, нема храна ни вода “, рече Ала Салех, наставник кој избегал од градот Газа со сопругата и шесте деца за да се засолни во Кан Јунис.
„Го оставив семејството зад себе и почнав да одам кон север. Илјадници околу мене се борат. „Изнајмувањето автомобил чини околу 4.000 шекели – 1.227 долари -, износ недостапен за повеќето“, нагласи тој.
Почетокот на израелската офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври предизвика околу еден милион Палестинци да избегаат од северниот дел на регионот.
Видеата што циркулираат на социјалните медиуми покажуваат огромни области на уништување во населбите Шеик Радван, Сабра и Зејтун, каде што цели станбени згради се срамнети со земја. Спасувачите во Газа продолжуваат да извлекуваат тела од урнатините, додека агенциите за помош предупредуваат дека недостигот од храна, гориво и чиста вода останува очаен.
Со оглед на тоа што прекинот на огнот треба да стапи на сила напладне, портпаролот на Израелските одбранбени сили објави на платформата Икс дека „движењето од јужниот кон северниот дел на Појасот Газа е дозволено преку улиците Ал-Рашид и Салах ал-Дин “.
Во исто време, САД потврдија дека израелската армија го завршила своето повлекување до новите договорени линии за распоредување во Газа, според изјавата на специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, до Икс. „Почна 72-часовниот период за ослободување на заложниците“, додаде тој.
Израел oбјави список од 250 Палестинци кои ќе бидат ослободени од затвор