ВИДЕО | Илјадници луѓе маршираа низ Лондон во поддршка за Евреите

Марш во Лондон во поддршка на Израел / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Илјадници демонстранти против антисемитизмот маршираа во Лондон во неделата за да протестираат против зголемувањето на злосторствата од омраза врз Евреите по нападот на милитантите на Хамас врз Израел во октомври и последователното израелско бомбардирање на Газа, пренесува Ројтерс.

Демонстрантите носеа плакати со пораки „Рамо до рамо со британските Евреи“ и „Нулта толеранција за антисемитите“. Други ги покажаа лицата на израелските заложници кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас.

Некои луѓе пееја на хебрејски, додека други скандираа „Донесете ги дома“ во врска со заложниците.

„Тука сум да ја поддржам мојата еврејска заедница и мислам дека мора да се залагаме за себе, инаку, ако не се залагаме, кој ќе го направи тоа?” вели студентот Аврахам Ел Хеј.

Лондонската Метрополитен полиција прими извештаи за 554 антисемитски прекршоци во периодот од 1 октомври до 1 ноември, во однос на 44 една година порано, што е повеќе од 10 пати повеќе. Извештаите за исламофобични прекршоци речиси тројно се зголемија на 220 во истиот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот