ВИДЕО: Илјада луѓе направија „човечки ланец“ во Лондон за ослободување на Асанж

Фото: Јутјуб/принтскрин

Околу илјада луѓе денеска формираа „човечки ланец“ околу зградата на Британскиот парламент во Лондон, барајќи ослободување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

На транспарентите што ги истакнаа демонстрантите можеше да се прочита „Ослободете го Асанж, нема екстрадиција во САД”, „Новинарството не е криминал”. Синџирот од луѓе се протегал по мостот Вестминстер, домовите на Парламентот и градините на кулата Викторија.

Асанж, кој од 2019 година се наоѓа во строго обезбедуваниот затвор Белмарш во близина на Лондон, ја обжали одлуката на британската Влада да го екстрадира во САД, каде се соочува со децении затвор доколку биде осуден за шпионажа според законот кој забранува откривање доверливи информации.

Против 51-годишниот Австралиец се води кривична постапка во САД бидејќи во 2010 година на веб-страницата Викиликс објавил повеќе од 700.000 доверливи документи поврзани со активностите на американската војска, особено во Ирак и Авганистан.

Асанж беше уапсен од британската армија во 2019 година, откако помина седум години во зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што беше под заштита на тоа дипломатско претставништво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот