ВИДЕО I Во хангар во близина на Барселона: Шпанската полиција прекина 40 часовна забава, парични казни од 3.000 до 600.000 евра

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Шпанската полиција прекина илегална рејв забава во хангар во близина на Барселона што траела повеќе од 40 часа.

На забавата по повод Нова година присуствувале околу 200 лица, а се одржувала во селото Љинарс де Валес. Десетици лица продолжиле да се забавуваат и денеска, а некои одбивале да заминат, навредувајќи ја полицијата кога се појавиле нејзини службеници, пренесува „Ројтерс“.

Уапсени се тројца организатори на забавата, објави каталонската полиција на Твитер, наведувајќи дека на приведените, како и на останатите кои биле на забавата, им се заканува парична клазна од 3.000 до 600.000 евра.

Покрај Шпанија, илегални забави имаше и во Франција, каде полицијата прекина рејв журка на северозападот на земјата на која имало околу 2.500 лица.

ВИДЕО I Растурена илегална новогодишна забава во Бретања: Пет лица уапсени, парични казни за преку 1.000

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот