ВИДЕО I Костадинова Стојчева: Новиот Закон за употреба на македонскиот јазик предвидува негово чување, унапредување, и афирмација

На Денот на сесловенските браќа, просветителите Свети Кирил и Методиј, пратеничката од СДСМ Бисера Костадинова Стојчевска истакна дека унапредување и афирмација на македонскиот јазик се темел на македонскиот иденитет.

Македонскиот јазик денеска е признат во целиот свет, потврден во личната карта на нашата татковина во Обединетите нации.

Пред 2 години, токму Владата предводена од СДСМ, 5 мај го прогласи за Ден на македонскиот јазик. Во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Годинава, токму на 5 мај беше промовиран и дигитален толковен речник на македонскиот јазик со над 100 илјади зборови.

Јазичното богатство е уште едно сведоштво за различноста и посебноста на македонскиот јазик во словенскиот свет, и за неговата автентичност во светската листа јазици.

Донесен е и нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој опфаќа негова заштита, унапредување и збогатување.

Владата усвои мерки за унапредување на состојбата со македонскиот јазик кои предвидуваат афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети, како и Фонд за поддршка на изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик.

Ја продолжуваме и поддршката на голем број книжевни дела од издавачката дејност на Институтот за македонски јазик, како придонес за збогатувањето и унапредувањето на македонскиот јазик.

Оваа 2021 е година во знакот на 100-годишнината од раѓањето на великанот  Блаже Конески, како најзаслужен за утврдувањето на македонскиот стандарден јазик.

Токму во чест на Џинот од Небрегово, ова одбележување е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот