ВИДЕО I Бајден: Путин е убиец и наскоро ќе плати за мешањето во американските избори

epa02625270 U.S. Vice President Joe Biden (L) shakes hands with Russian Prime Minister Vladimir Putin (R) during their meeting in Moscow, Russia 10 March 2011. Joe Biden is on a three-day visit in Russia. EPA/MAXIM SHIPENKOV

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека неговиот руски колега Владимир Путин наскоро ќе почувствува последици за директното мешање во ланските избори во САД за исходот од нив да биде во корист на Доналд Трамп.

– Ќе плати цена, а наскоро ќе види какви ќе бидат последиците, истакна Бајден во разговор за АБЦ Њуз.

Ваквиот неговиот однос доаѓа по извештаите на разузнавачките служби во кои се поткрепуваат обвиненија дека зад руското мешање во американските избори стои лично Путин. Русите возвраќаат дека таквите обвинувања се неосновани.

Бајден за Путин рече дека релативно добро го познава и дека, според негово искуство со странски челници, најважно е да го познавате соговорникот. Исто така, рече дека „Путин нема душа“ и потврдно одговори на прашање „дали смета дека претседателот на Русија е убиец“.

– Да, го мислам тоа, кусо одговори Бајден.

Тој нагласи дека, истовремено, постојат прашања од заеднички интерес за кои може да се соработува што како пример го наведе неодамнешното продолжување на нуклеарниот договор СТАРТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот