ВИДЕО | Хоџа: Побрза имунизација е најевтин услов за пост-ковид економијата

За да успее соработката со владата и да има позитивен епилог, на некој начин имавме потреба од некој надзорен орган да ги надгледува овие процедури и постапки и во конкретниот случај и самиот претседател виде дека има таква потреба за на некој начин тој да може да ги следи овие информации и да биде како дел од таа соработка која што ја имаме со Владата. Ги истакнавме нашите проблеми, заедно со приоритетите, изјави во Утрински брифинг претседателот на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

-Не би се сложил дека сме во пост ковид период. Јас тоа го сфаќам како период кога би ги имале вакцините достапни, населението би почнало да се вакцинира и со тоа бројот на заразени да паѓа. Тоа е еден психолошки момент кој делува и во бизнис секторот. Во тој случај ние би можеле да размислиме и да бидеме спремни да го надминеме тој период, да се вратиме во нормална ситуација и економијата да се врати во таа норма каде што е целта на секој бизнис, вели Хоџа.

-Ако размислиме регионално ние заостануваме во овој процес на вакцинација и тоа создава потешкотии поради тоа што дел од компаниите се поврзани регионално и на европско ниво пошироко. Мислам дека во ваква ситуација, ако Владата не ја следи ситуацијата со анализи, каде што микро, мали, средни компании се на работ на банкрот, тој момент на враќање во нормала ќе биде многу потежок, отколку владата да се сконцентрира на одржување на егзистенцијата на тие компании. Ние како Комора апелиравме во неколку наврати, компаниите кои што се затворени со уредба на Влада, да се најде начин да се одржат ликвидни, да можат нивните оперативни трошоци да се покријат, вели Хоџа.

-Од почетокот на пандемијата аимавме анализа дека вредноста на средствата што треба да бидат наменети за пандемијата некаде треба да бидат до 2 милијарди евра. Веќе сме до петтиот сет на мерки и стигнавме до 1.5 милијарди. Затоа мислиме дека доколку би ги имале вакцините навремено, овие средства не би биле потребни да се трошат. Затоа секоја брза интервенција на владата е економски попрофитабилна и за бизнисот, рече Хоџа.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот