ВИДЕО | Хамас објави нови снимки од жестоките улични борби

Израел Газа / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израелските сили денеска се судрија со милитантите на Хамас меѓу уништените згради во градот Газа, додека околу 80 земји и организации се состануваат во Париз за да ја координираат хуманитарната помош и да најдат начини да им помогнат на ранетите цивили.

Жителите на градот Газа изјавија дека Израелците се борат против Хамас и други милитанти и дека тенковите се распоредени околу градот. Тие исто така рекоа дека израелските сили се приближуваат до две болници, каде што илјадници раселени Палестинци побараа засолниште.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили напреднале во срцето на градот Газа, главното упориште на Хамас и најголемиот град во палестинската крајбрежна енклава, додека исламистичката група вели дека нејзините борци и нанеле големи загуби на израелската армија. Вооруженото крило на Хамас вчера објави видео на кое се чини дека се прикажани интензивни улични борби покрај бомбардирани згради во градот Газа.

Израелските тенкови наидоа на силен отпор од борците на Хамас кои користат подземни тунели за да поставуваат заседи, велат извори на Хамас и милитантната група Исламски џихад. Додека војната меѓу Израел и Хамас трае повеќе од еден месец, САД рекоа дека Палестинците мора да управуваат со Газа по завршувањето на конфликтот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера ги подвлече „црвените линии“ и очекувањата на Вашингтон за опколената крајбрежна територија, како одговор на коментарите на Тел Авив дека ќе биде одговорен за безбедноста во Газа на неодредено време.

„Не треба да има „повторна окупација на Газа по завршувањето на конфликтот. Нема обид за блокада или опсада на Газа. Нема намалување на територијата на Газа“, рече Блинкен на прес-конференција во Токио.

Палестинската управа, која има ограничена автономија во делови од Западниот Брег под израелска окупација, тврди дека Појасот Газа, каде Хамас владее од 2007 година, е составен дел на идната палестинска држава. Израелските власти појаснија дека немаат намера да ја окупираат Газа по војната, но дека сепак треба да разјаснат како би можеле да обезбедат безбедност без воено присуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот