ВИДЕО | Хајди Клум откри на која сума се осигурани нејзините нозе: Едната нога ѝ е поскапа од другата!

хајди клум
Фото: Принтскрин / Instagram

Светските ѕвезди одамна ја прифатија праксата да ги осигураат „посебно квалитетните“ делови од нивните тела. Хајди Клум, како една од најголемите светски манекенки, откри дека нејзините нозе се еден таков скап пример.

48-годишната манекенка и судијка на шоуто „America’s Got Talent“ се појави во последното издание на шоуто на Елен Деџенерис на интервју каде ја промовираше својата нова песна и соработка со раперот Снуп Дог.

За време на една од игрите кои се вообичаена пракса на шоуто на Елен, насловена „Хајди „Бланкинг“ Клум“, Хајди откри дека еден клиент еднаш ги осигурал нејзините нозе на 2 милиони долари, но спомена и еден интересен факт – дека едната нејзина нога била поскапа од другата!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Во интервјуто Клум продолжи и објасни дека тоа не било нејзин избор, но и неа ја изненадила информацијата дека едната нејзина нога „чини“ повеќе од другата, и зошто.

„Кога бев млада, паднав на стакло и имам огромна лузна. Очигледно ставам толку многу спреј за тен во моментов што не можете да ја видите“, сподели Хајди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

„И всушност, едната беше поскапа од другата… Чудни се работите што ги прават некои луѓе“, додаде Клум.

Супермоделот раскажа и како една од најстрашните фотосесии која морала да ја изведе вклучувала змија питон обвиткан околу нејзиното тело, чија глава постојано се приближувала до нејзината, континуирано влевајќи ѝ страв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот