ВИДЕО: Гвардиола ги налути навивачите на Сити, Халанд беше разочаран поради замената

фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд го одбележа реваншот од осминафиналето меѓу Манчестер сити и Лајпциг.

Голгетерот на „граѓаните“ постигна пет гола до 57 минута, со што го израмни рекордот на Лионел Меси и Луиз Адриано по број на голови на еден натпревар од Лигата на шампионите.

До ова достигнување Халанд стигна во период од 35 минути, а можеби до крајот на мечот ќе влезеше во историјата доколку не беше заменет на половина час пред крајот на натпреварот.

Во моментите кога виде дека менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола подготвува тројна измена, а еден од играчите на теренот беше Хулио Алварез, на лицето на Норвежанецот јасно се гледаше дека тренерот ќе го извади од игра и ќе го спречи да стигне до рекорд.

За негова несреќа, токму тоа се случи и Шпанецот го замени Халанд со Аргентинецот, што предизвика разочарување кај првиот стрелец во Премиер лигата, но и кај навивачите на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот