ВИДЕО: Грип – кои се симптомите, како да превенираме? Во УБ, д-р Петковска од ЦЈЗ

Утрински брифинг, студио / Утрински брифинг

Зголемувањето на случаите на грип паралелно, проследено од пандемијата од ковид-19 може да има сериозни последици и дополнително да го оптовари здравствениот систем.

Најзагрозена е постарата популација, лицата со слаб имунитет како и бремените жени.

Претходната година, барем според статистиките се забележа значително опаѓање на бројот на случаи на инфлуенца што само дополнително потврдува дека епидемиолошките мерки како забрана за групирање, одржување хигиена, заштитна маска дадоа резултат и во спечување на ширењето на ова заразно заболување.

Дека сезоната на грип е почната потврдува и фактот што претходната недела регистрирани беа 15 случаи во земјава. На оваа тема во во Утрински брифинг разговаравме со со Сандра Петковска доктор по општа медицина во секторот имунологија при Центарот за јавно здравје.

Разговорот погледнете го во видето

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот