ВИДЕО | Градежни работници во Аеродром: Фрлај низ прозор сѐ, ич не му ја мисли
Во Аеродром постојано се гради, а татнежот од тешки градежни машини, пумпи и мешалки за бетон е секојдневние за луѓето коишто живеат во оваа скопска населба.
Но, дел од градежните работници не ја извршуваат својата работа сосема професионално. Барем така сметаат корисниците на социјалната мрежа Твитер каде што беше објавено видео на коешто се гледа како градежни работници фрлаат материјал од највисокиот кат од зградата на којашто моментално работат.
– Еве како професионално си ја вршат работата градежните компании кои градат во Аеродром. Фрлај низ прозор сѐ, ич не му ја мисли, напиша еден од твитерџиите којшто го сподели видеото.
Еве како професионално си ја вршат работата градежните компании, кои градат во Аеродром.
Фрлај низ прозор се, ич не му ја мисли. pic.twitter.com/7vizQRCslp— Фортификација (@Fortiifikacija) April 29, 2021