ВИДЕО | Ѓоковиќ испрати моќна порака: Сакам помирен свет, со повеќе разбирање, љубов и сочувство

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со видео до елката им ги честиташе Божиќ и Нова Година на сите кои слават.

Српскиот тенисер Ѓоковиќ веќе го најави празникот и претходно, но сега сними и видео покрај елката.

– Среќен Божиќ на сите што слават денес. Ви ја честитам и Новата година која доаѓа за неколку дена! Се надевам дека сите ваши соништа ќе се остварат во 2024 година! Јас лично сакам помирен свет, свет со повеќе разбирање, љубов и сочувство! Се надевам дека ќе имаме прекрасни тениски моменти ширум светот. Одиме во новата 2024 година! Сè најдобро – се зборовите на Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ ја започнува сезоната со егзибициски меч во Ријад против Карлос Алкараз, закажан за 27 декември.

После тоа, следува Јунајтед купот во Австралија, каде ќе има загревање пред првиот грен слем турнир во 2024 година, „Австралија опен“ кој ќе стартува од 14 јануари.

Ѓоковиќ ја започна 405 недела на првото место на АТП листата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот