ВИДЕО: Ѓоковиќ и Алкараз во финалето на турнирот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз/фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Новак Ѓоковиќ (36) се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Синсинати, САД, откако со 7:6 (5) и 7:5 го совлада Александар Зверев од Германија.

Тоа ќе биде 57 мастерс финале за Ѓоковиќ, а за титулата денеска од 22.30 часот по македонско време ќе игра против Карлос Алкараз (20) од Шпанија.

Ѓоковиќ го обезбеди осмото финале во Синсинати, само во Рим и Париз одигра повеќе финални мечеви на мастерс турнирите.

Првиот светски рекет Алкараз со пресврт успеа да го елиминира Полјакот Хуберт Хуркач. Хуркач го освои убедливо првиот сет со 6:2, израмни Алкараз во вториот кој беше најнеизвесен и беше решен во тај-брејк 7:6, (4). А третиот Шпанецот го доби рутински со 6:3 и дојде до победата по два часа и 19 минути игра.

Српскиот играч Ѓоковиќ ќе атакува на 38 пехар од турнирите од серијата 1000 и сака да му се реваншира на Алкараз за поразот во финалето на грен слем турнирот „Вимблдон“.

По четвртипат ќе се сретнат Ѓоковиќ и Алкараз, во досегашните три мечеви двапати славеше шпанскиот тенисер. Ова е уште еден додатен мотив за српскиот ас како најдобра можна увертира за претстојниот „УС Опен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот