ВИДЕО: Ѓоковиќ го совлада Руне во Торино и по осми пат ја завршува годината на првото место!

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

На завршниот турнир во Торино каде настапуваат осумте најдобри тенисери сезонава, на најдобриот Новак Ѓоковиќ му требаше само една победа за дефинитивно да го дочека крајот на годината на првото место.

Тоа го оствари српскиот ас Ѓоковиќ веќе на првиот меч откако со 7:6 (7:4), 6:7 (1:7), 6:2 го победи 20-годишниот Данец Холгер Руне.

Ѓоковиќ по осмипат ја завршува годината и влегува во следната како лидер на светската листа, а со седум (2011-12, 2014-15, 2018, 2020-21) веќе беше рекордер. Следната недела ќе биде негова јубилејна 400-та како првопласиран на АТП листата.

Во првиот сет Руне прв стигна до гем на сервис на противникот (3:2), но со иста мера одговори Ѓоковиќ (3:3).

Се чувствуваше дека воведниот сет повторно ќе заврши со тај-брејк во нивните дуели. А неодамна во четвртфиналето на Мастерсот во Торино и кога се сретнаа за првпат, на почетокот на УС Опен 2021 година, данскиот тенисер подобро се снајде, иако не вредеше во конечниот исход. Искуството и смиреноста на Ѓоковиќ беа одлучувачки фактор во Торино. Иако го загуби првиот поен, на свој сервис освои пет од следните шест. На крајот заврши 7:4.

Во вториот сет 2:0 за Руне, па 2:2. Понатаму, двајцата освојува гемови на свој сервис. Кога Данецот водеше со 5:4, доби сет-топка на сервис на Ѓоковиќ, но Србинот се извлече со најбрзиот сервис во претходниот дел од мечот.

Ѓоковиќ потоа сервираше уште еднаш за да остане во сетот. Со ас се избори за повторно да ја добие одлуката во понатамошниот период. Сепак, тој попушти. Руне поведе со 6:0. Ретка слика е Ѓоковиќ да менува страна во тај-брејкот без да освои ниту еден поен. Таму немаше спас, и покрај големата волја која безброј пати го однесе до неверојатни пресврти.

Во решавачкиот сет клучната предност ја направи Ѓоковиќ кога со брејк поведе од 4:2 и истата фуриозно ја задржа до крајот. Ѓоковиќ во вторник ќе игра против Италијанецот Јаник Синер кој претходно го совлада Стефанос Циципас од Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот