Синер во два сета подобар од Циципас на завршниот мастерс во Торино

Италијанскиот тенисер Јаник Синер/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го совлада Гркот Стефанос Циципас со 2:0 во сетови 6:4 и 6:4 на стартот од завршниот мастерс во Торино.

Ова е трета победа на Синер во меѓусебните дуели против Циципас, беше уште еднаш подобар годинава на турнирот во Ротердам, а има и една победа во 2020 година во Рим.

Во првиот дел Италијанецот со брејк во петтиот гем го отвори патот кон водство во сетови. Синер до крајот на воведниот сет лесно ја одбрани брејк предноста.

Во вториот сет Синер одигра уште подобро, веќе во првиот гем го одзема сервисот на ривалот и потоа лесно го одработи мечот до крај.

Синер во следното коло ќе игра со подобриот од Новак Ѓоковиќ – Холгер Руне, меч кој е закажан од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот