ВИДЕО: Француски репрезентативец се смееше за време на минута молчење на мечот против Холандија

фото: EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Во петокот наутро имаше напад во Арас во кој загина еден наставник, а две лица беа тешко повредени. Инцидентот се случил во средно училиште во североисточниот дел на Франција.

Истата вечер француската фудбалска репрезентација одигра квалификациски натпревар за ЕП против Холандија во Амстердам и победи со 2:1 благодарение на двата гола на Килијан Мбапе, а пред мечот имаше минута молчење за убиството во Арас.

Сепак, не гледаа сите така, а резервниот играч на Франција Жан Клер Тодибо беше фатен во смеа, што секако наиде на жестока осуда кај француската јавност.

Францускиот дефанзивец игра во Ница во која дојде од Барселона, а во Франција е главно резерва и досега нема запишано ниту една минута во квалификациите, но одигра 90 минути во поразот од Германија во пријателски натпревар во септември.

Останува да се види дали Француската фудбалска федерација (ФФФ) ќе се одлучи да го казни за она што го направи во Амстердам, а се очекува и самиот играч да се огласи на социјалните мрежи и да ја објасни својата срамна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот