4 C
Скопје

ВИДЕО+ФОТО: Напаѓачот кој усмрти пет лица во Германија бил пијан и се лекувал од ментална болест

Бројот на загинати во Трир, Германија, се искачи на пет лица, а сторителот бил под дејство на алкохол и неодамна се лекувал од ментална болест, изјавија германските власти откога автомобил влета на пешачка зона газејќи луѓе во германскиот град.

Полицајци и камион со техничка помош (THW) стојат во пешачка зона во центарот на градот Трир, Германија, 01 декември 2020 година/ Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Меѓу починатите има и 9-месечно бебе. Од истрагата било утврдено дека возачот свесно сакал да убие што е можно повеќе луѓе.

Тој е уапсен веднаш по извршеното дело и се наоѓа на распит, а се води истрага за пет убиства и предизвикување тешки телесни повреди.

„Нема индиции дека може да се работи за терористички напад или дело со религиозно или политичко потекло“, рече државниот правобранител.

Станува збор за 51-годишен германски државјанин со германско потекло, роден во Трир.

Според државниот правобранител Питер Фрицен, постојат индиции дека на возачот неодамна му била дијагностицирана ментална болест и бил во алкохолизирана состојба за време на злосторството.

„Кај возачот биле измерени 1,4 промил алкохол“, рече јавниот обвинител.

Прочитајте и...  Телефонски разговор Блинкен-Раб: Потврдени посебните односи помеѓу САД и Британија
Нема знаци за политички мотив во нападот со автомобил во Трир/ 1 декември 2020/ Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Автомобилот, управуван од сторителот, не бил во негова сопственост, но, како што објасни полицијата, му го ставило на располагање друго лице.

ВИДЕО: Покосени на пешачки во Трир, две жртви – едно е бебе и 10 повредени

Поврзани вести

Првпат во сезонава утре ќе работи новата шестоседна жичница „Лајтнер” на Попова Шапка

Слободен печат

Во Кочани ќе се возат со субвенционирани велосипеди

Слободен печат

„Јавна соба“ со мрачни тајни

Слободен печат

Здружението на правници Роми ќе биде на располагање на жртвите од „Јавна соба”

Слободен печат

ВИДЕО | ЛДП: Потребен е посебен закон за канабис

Михаило Донев

Зошто научниците веруваат дека британскиот сој на коронавирусот е посмртоносен

Слободен печат

Остави Коментар