ВИДЕО + ФОТО: Ги запалија куќите, ги откопаа своите починати – Масовен егзодус на Ерменците од Нагорно – Карабах, примирјето им донесе трагедија

Жителите во регионот Нагорно Карабах ги запалија своите куќи и побегнаа во Ерменија во саботата, пред истекот на рокот за предавање на спорните територии на Азербејџан во рамките на мировниот договор.

Жителите на областа Калбајар во Азербејџан, кои беа под контрола на ерменските сепаратисти со децении, започнаа масовно иселување оваа недела, откако беше објавено дека Баку ќе ја врати контролата во недела, пишува Гардијан.

Жителите на Чорекдар ги палат своите куќи и заминуваат, 14 ноември, Нагорно Карабах. Фото: Alexander Ryumin / TASS / Profimedia

Борбите меѓу сепаратистите поддржани од ерменската армија и азербејџанската армија околу регионот Нагорно Карабах повторно се разгореа кон крајот на септември. Во конфликтот, кој траеше шест недели, загинаа 2.3176 ерменски војници, што е скоро 1.000 смртни случаи повеќе од претходниот, официјален број.

Азербејџан не ги обелодени своите воени загуби, но рускиот претседател Владимир Путин во петокот рече дека бројот на загинати е над 4.000 и дека десетици илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

Во селото Чоректар во Калбајар, на границата со областа Мартакерт, која ќе остане под ерменска контрола, најмалку шест куќи беа запалени во саботата наутро, додека густиот чад се креваше над долината.

Запалени куќи и во Карвачар, 14 ноември 2020/ Нагорно Карабах/ Фото: Aram Nersesyan / Sputnik / Profimedia

– Ова е мојата куќа, не можам да им ја препуштам на „Турците“ – рече еден жител, мислејќи на Азербејџанците, кога фрли запалено дрво и ќебе натопено во бензин во празната куќа.

– Секој денес ќе ја запали својата куќа. Имаме време до полноќ да си заминеме. Ги преместувавме и гробовите на нашите родители затоа што Азербејџанците едвај чекаат да ги сквернават. Ова е неподносливо – додаде тој.

Жители на Карвајар ги палат своите куќи пред да заминат од Нагорно – Карабах/ 14 ноември 2020/ Фото: Jonathan Alpeyrie/Sipa Press)//ALPEYRIEJONATHAN_0304.10342/2011142322/Credit:Jonathan Alpeyrie/SIPA/2011142328,Image: 569016611, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Jonathan Alpeyrie / Sipa Press / Profimedia

Фотографии на кои Ерменците копаат и вадат ковчези од гробовите, може да се видат и на социјалните мрежи, па со нив ќе ги носат и своите мртви роднини.

Најмалку десет куќи се запалени во петокот, во и околу Чаректар.

Калбајар беше речиси целосно населен со етнички Азербејџанци пред да биде протерани од Ерменците во 90-тите години по распадот на Советскиот Сојуз, во кој загинаа 30.000 луѓе. Повеќето од претходно изгорените куќи им припаѓале на Азербејџанци.

Клучните делови на мировниот договор вклучуваат враќање на Калбадајар и областа Агдам до 20 ноември, како и Лачин до 1 декември.

По повеќенеделни борби, двете страни ќе ги задржат позициите на териториите што во моментот ги контролираат, што е значителна придобивка за Азербејџан, кој поврати околу 15-20 проценти од изгубената територија, вклучително и градот Шуши.

Руските воени претставници соопштија дека мисија од околу 2.000 војници ќе биде распоредена на 16 набудувачки пунктови во планинскиот регион Нагорно-Карабах и долж коридорот Лачин.

Масовен егзодус на Ерменците од териториите во Нагорно-Карабах кои ги презема Азербејџан/14 ноември 2020/ Фото: Jonathan Alpeyrie/Sipa Press)//ALPEYRIEJONATHAN_0304.10360/2011142327/Credit:Jonathan Alpeyrie/SIPA/2011142328,Image: 569016476, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Jonathan Alpeyrie / Sipa Press / Profimedia

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ги обвини Ерменците за уништување на „99 проценти од ослободената територија“, вклучително и болници, куќи и споменици. Тој рече дека сака Ерменија да им плати отштета.

Ерменците, пак, се бесни што премиерот Никол Пашинјан одлучи да отстапи огромни делови од нивната територија. Во саботата, маса луѓе се собраа на плоштадот Слобода во Ереван, каде што запалија свеќи во спомен на паднатите војници.

Граѓаните на Ереван, главниот град на Ерменија, исто така лошо го прифатија овој пораз во војната за Нагорно Карабах. Ерменскиот војник Тигран Камишјан е убеден дека Ерменија не изгубила.

Масовни протести во Ереван против владата на Пашинјан/ 11 октомври 2020/ Ереван, Ерменија/ Фото: EPA-EFE/STEPAN POGHOSYAN / PHOTOLURE MANDATORY CREDIT

– Терористички групи од Сирија се борат против нас. Јас бев во директен судир со нив … Платениците се бореа за Азербејџан, а потоа дојдоа и се фотографираа со знамиња, како да победија. Библијата можете да ја најдете само во нашите џебови. Но, сириските милитанти користат дрога – во џебовите имаат само дрога и шприцеви за еднократна употреба – изјави тој за порталот Медуза.ио.

Според договореното во примирјето, Ерменците треба да ги вратат телата на загинатите азербејџански војници/ 13 ноември 2020/ Шуши, Нагорно – Карабах/ Фото: Jonathan Alpeyrie/Sipa Press)//ALPEYRIEJONATHAN_0304.10331/2011142319/Credit:Jonathan Alpeyrie/SIPA/2011142328,Image: 569016637, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Jonathan Alpeyrie / Sipa Press / Profimedia

Тигран е еден од војниците кои биле пренесени во Еревен од областа близу Канапа, ерменски град на границата со Азербејџан. Тие се вратија од територијата на непризнатата република Нагорно-Карабах од блискиот Кубатли, град заземен од Азербејџан пред околу две недели.

Да продолжише војната, целиот регион можеше да биде изгубен за неколку дена, како што призна претседателот на Нагорно Карабах, Араих Харутјан, пред околу една недела. Договорот за прекин на огнот од 10 ноември ја потврди победата на Азербејџан. Додека руските мировници започнаа со распоредувањето, ерменските трупи го напуштија фронтот.

Ерменци палат свеќа во манастирот во Нагорно-Карабах кој мора да го препуштат на Азербејџан/ 10 ноември 2020/ Фото: Maksim Blinov / Sputnik / Profimedia

Давид Маргарјан, фризер од Метсамор кој беше на линијата на фронтот, рече дека пукањето на 10 ноември завршило во моментот кога беше објавено потпишувањето на договорот.

– Што друго можеме да сториме? Седумдесет проценти од светот се христијани и тие не ни помогнаа. Впрочем, тоа е грев – рече тој.

Мајка со своето дете се помоли во црквата пред напуштањето на сега веќе поранешните ерменски територии во Нагорно-Карабах/ 14 ноември 2020/ Фото: Maksim Blinov / Sputnik / Profimedia

Тигран рече дека веста за примирјето донесе „фрустрација“.

– Вие сте во војна, гледате како вашите пријатели умираат поради оваа земја и тие само ја даваат – објаснува тој.

Ерменците кои мораше да ги напуштат своите домови решија да не остават ништо живо зад себе/ Фото: Maksim Blinov / Sputnik / Profimedia

Откако беше објавено примирје на 10 ноември, на главниот плоштад во Ереван избувнаа немири.

Без спротивставување, демонстрантите влегоа во резиденцијата на премиерот, а на снимките од таа ноќ се гледа како многу луѓе плачат наместо да викаат, додека стражарите се повлекуваат во тишина. Следниот ден демонстрантите се собраа во друг дел од градот, но полицијата не се повлече.

„Ова ќе помине“, рече еден полицаец за демонстрациите.

Демонстрантите бараат поништување на трилатералниот договор за Нагорно Карабах. Сајтот Медуза.ио наведува дека еден човек плачел среде толпата во знак на протест, обидувајќи се да зборува, додека друг круг се формирал околу жена која врескала.

– Ова не е митинг, ова е жалопојка. Толку многу луѓе загинаа залудно. Речиси 6.000. и уште толку недостасуваат, тие не се јавија дома веќе еден месец. Ова е срамота – вели жителот на Ереван, Грант.

Фото: EPA

– Има многу горчина – вели неговиот сограѓанин Артур. – Едноставно не можам да верувам, ова е како кошмар, и треба да заспиеш и да се разбудиш како ништо да не се случило. Ова е нашата татковина, нашата земја, нашите цркви. Седмиот, деветтиот и четиринаесеттиот век го докажуваат тоа.

– Ова не е протест, ова е моја земја – рече друг демонстрант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот