ВИДЕО: „Фармацевтите“ и натаму се без пораз, Штутгарт и Баер Леверкузен ги поделија бодовите

Момент од натпреварот Штутгарт - Баер Леверкузен/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Штутгарт денеска на домашен терен одиграа нерешено 1:1 против Баер Леверкузен во натпреварот од 14 коло во Бундес лигата.

Штутгарт поведе во 40 минута со голот на Крис Фурих, а бод на гостинскиот тим му донесе Флоријан Вирц со погодокот во 47 минута.

Леверкузен е единствената екипа сезонава без пораз во најсилното германско првенство, и моментно е на првото место со 36 бодови.

Актуелниот шампион Баерн од Минхен е второпласиран со 32 бодови, но баварскиот гигант има и меч помалку.

На третото место се играчите на Штутгарт и по првото реми во шампионатот се третопласирани со 31 бод.

В недела се одигра уште еден натпревар, мируваа мрежите на екипите на Келн и Мајнц (0:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот