ВИДЕО | Една е мајка: Жена во Турција ги фрли четирите деца низ прозорец за да ги спаси од пожар

Жена во Турција ги спаси своите четири деца така што во текот на пожар кој ја зафатил нејзината зграда ги фрлила од третиот кат.

Семејството живеело во петкатница во истанбулскиот кварт Есенлер, кој во средата бил зафатен од пожар.

Минувачите и станарите од зградата под нивниот прозорец простреле прекривка за да ги фатат децата. Итната служба подоцна децата ги префрлила во болница.

„Прво видовме како се крева црн чад. Потоа ги слушнавме децата како викаат од прозорецот и веднаш ја отворивме прекривката. Жената ги фрлаше децата низ прозорец, а ние ги фаќавме“, вели еден сведок на настанат, пренесува Скај Њуз.

Мајката превентивно е префрлена во болнциа, но подоцна е потврдено дека ниту таа ниту децата имале некакви повреди.

Од зградата во пламен се спасени уште две деца и две возрасни лица. Пожарот подоцна го изгаснале противпожарните служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот