ВИДЕО | Двејн Џонсон со урнебесна маска за Божиќ: Се потсети како изгледал во деведесетите

Фото: Instagram / therock

Актерот Двејн Џонсон се потсети на своето легендарно модно издание од деведесетите и одлучи да се маскира во самиот себеси за Божиќ. Видеото со урнебесната маска привлече повеќе од 60 милиони прегледи.

Всушност, 51-годишниот актер сподели видео на Инстаграм во кое копира едно од неговите модни изданија што поради неговиот необичен изглед стана вирално на социјалните медиуми. Станува збор за неговата модна комбинација од 1994 година, која и денес предизвикува бројни смешни реакции.

Во видеото со кое го честита Божиќ, актерот носеше црна ролка со долги ракави и тексас фармерки, кои ги комбинираше со златно синџирче и црна чанта. Носеше и перика со која ја копираше неговата поранешна фризура.

Самото видео е прегледано повеќе од 60 милиони пати, проследено со позитивни коментари од неговите колеги и обожаватели.

„Колку голема ѕвезда треба да бидеш за успешно да носиш маска од себе?“;  „Иконично“; „Благодарам што ги врати спомените од 90-тите“, се само дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот