ВИДЕО | Драма на аеродромот во Далас: Жена почна да пука, полицијата ја застрела

САД ПОлиција фото: EPA

Американската јавност денеска повторно беше вознемирена откако се појавија снимки од аеродромот Далас Лав Филд во Тексас, каде полицијата застрела жена која претходно со пиштол во воздух испукала неколку истрели, јавува „Си-ен-ен“.

37-годишната жена во 11 часот по локално време пристигнала на аеродромот и влегла во близина на шалтерите за билети. Камерите на аеродромот ја снимиле како влегла во тоалетот каде облекла друга облека, а потоа извадила пиштол и почнала да пука во таванот, велат од полицијата.

Од полицајците кои биле на местото на настанот веднаш ја застрелале жената во нозете, по што ја привеле. Таа е пренесена во болница.

Во инцидентот нема други повредени.

„Видов огромен број луѓе како трчаат од правец на безбедносниот контролен пункт и луѓе кои викаа „пукаат““, изјави очевидец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот