ВИДЕО: Дортмунд го презеде врвот во Бундес лигата, го совлада Хофенхајм со играч помалку

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Фудбалерите на Борусија Дортмунд со 3:1 вечерва го совладаа тимот на Хофенхајм во шестото коло од Бундес лигата.

„Милионерите“ поведоа во 18 минута преку Никлас Фулкруг, кој на асистенција на Брант шутираше прецизно во долниот десен агол. Израмнувањето дојде седум минути подоцна когa Андреј Крамариќ беше прецизен од белата точка.

Сепак, до крајот на полувремето „милионерите“ дојдоа до ново водство, кога Марко Ројс ја испрати одбиената топка во мрежата на Оливер Бауман.

Во 71 минута гостите останаа со играч помалку, по исклучувањето на Бенсебаини кој доби втор жолт картон, но тоа не ги спречи да го заокружат триумфот со голот на Јулијан Рајерсон.

Дортмунд со оваа победа барем за кратко се најде на врвот на табелата со 14 бодови, додека Хофенхајм собра 12 и моментално е на шестата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот