ВИДЕО | Дете му постави непријатно прашање на Макрон: „Не треба да се ожениш за својата учителка“

Емануел Макрон/ Фото: Blondet Eliot/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Соочен со прашања кои професионалните новинари вообичаено не ги поставуваат, претседателот на Франција, Емануел Макрон, учествуваше на дискусија со младите од Ла Папотин, весник основан во 1990 година во центар за грижа за млади луѓе со аутизам.

Прашањето кое се издвои и стана вирално беше поврзано со односот на Емануел и неговата сопруга Брижит, а „неформалниот новинар“, како што го опиша Асошиејтед прес , го замоли францускиот претседател сам да си го прочита прашањето.

„Тој е претседател. Тој треба да даде пример и да не се ожени со својата учителка“ – гласеше прашањето кон Макрон за неговата сопруга.

Брижит Макрон била мајка на три деца и 24 години постара од Емануел Макрон кога се запознале во средното училиште каде тој бил ученик, а таа професорка пред да се венчаат на крајот од 2007 година.

„Не се работи за тоа дали треба или не треба да дадете пример. Кога си заљубен изборот не е твој“, првично одговори францускиот претседател и додаде:

„Таа не беше баш моја учителка. Таа ми беше учителка по глума. Не е исто, таа не беше професорка по математика“, по што присутните се насмеаја.

Макрон беше прашан и дали има доволно пари, при што одговори дека како претседател на Франција добива помалку пари отколку кога работел како банкар.

Новинарите на „Ла Папотин“, исто така, го прашаа Макрон дали има многу пријатели, одговарајќи дека „не е најдобрата работа да имаш многу пријатели“

За време на дебатата Емануел Макрон беше прашан и за Владимир Путин и одговори дека „кога се среќаваш не е непријатно. Ова е парадоксот“.

На крајот од интервјуто, францускиот претседател честиташе за прашањата што ги доби, велејќи дека „ме одведоа по патишта по кои никогаш не сум бил во други интервјуа со други новинари“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот