ВИДЕО: Дерби за мерак на „Џузепе Меаџа“ без победник, Интер и Аталанта ги поделија бодовите

Интер и Аталанта одиграа одличен натпревар на кој имаше пресврти, промашени пенали, поништени голови/ Милано, Италија/25 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во одличен натпревар во шестото коло од Серија А, Интер и Аталанта одиграа 2:2 на „Џузепе Меаца“. Натпреварот беше исполнет со возбудувања и пресврти, поведе Интер, по што Аталанта направи пресврт, па „неразурите“ израмнија и во финишот пропуштија можност од пенал да дојдат до водство, за потоа на Аталанта да и биде поништен гол по сигнализација на ВАР технологијата.

Голеадата на „Џузепе Меаца“ ја отвори Лаутаро Мартинез во петтата минута по асистенцијата на Николо Барела.

Но, до крајот на полувремето, фудбалерите на Аталанта успеаја да на направат пресврт, прво Руслан Малиновски во 30 минута израмни, а осум минути подоцна Рафаел Толои ги шокираше домаќините.
Второто полувреме помина во доминација на играчите на Интер кои во 71 минута преку Един Џеко дојдоа до израмнување.

„Неразурите“ во финишот, во 85 минута можеа да направат пресврт откако беше досуден пенал по играњето со рака во сопствениот шеснаесетник на Михат Демирел. Федерико Димарко ја презеде одговорноста и ја погоди пречката, што можеше да им се одбие од глава само три минути подоцна.

Роберто Пицоли го совлада голманот Хандановиќ но, голот не беше признат на интервензија од ВАР собаѕта бидејќи претходно топката била во аут.
Интер е трет на табелата со 14 бодови, додека Аталанта е петта со 11 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот