ВИДЕО: Црвена звезда го „оживеа“ дресот од 1997 година

За Станковиќ овој „ретро“ дрес е враќање во детството/Фото: Принтскрин/facebook.com/crvenazvezdafk

Како што и се најавуваше во текот на изминатиот период, тоа сега и се потврди, Црвена звезда го претстави својот нов дрес.

Италијанскиот производител на опрема Маркон подготви ретро дресови како алузија на 1997 година, познати како „Беобанкини“.

Сегашниот тренер Дејан Станковиќ играше во тој дрес на почетокот на својата играчка кариера во Црвена звезда.

Дресовите од 2021 и 1997 година се практично идентични, единствената разлика е во името на спонзорот и фактот дека „Капа“ порано го правеше дресот.

На 19 август белградските „црвено-бели“ дома ќе го одиграат првиот натпревар од плеј-офот за пласман во групите на Лига Европа против романската екипа Клуж. Реваншот е една недела подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот