ВИДЕО: Цртежи од штрумфовите и Таличниот Том во новиот белгиски пасош

Новите белгиски пасоши ќе станат едни од најуникатните во светот

Од 7 февруари официјалните пасоши на Белгија ќе бидат илустрирани со цртежи на најпознатите белгиски стрип-херои почнувајќи од штрумфовите, преку Таличниот Том до Тин Тин и Марсупилами.

Новите белгиски пасоши со тоа ќе станат едни од најуникатните во светот, а тоа ќе биде можност за понатамошна промоција на стрипот како национална уметност со која Белгијците многу се гордеат.

„Белгискиот пасош е еден од најдобрите во светот, тој е извор на гордост за нас, но и предмет на желбата на фалсификаторот. Затоа, постојано работиме на подобрување на неговата безбедност“, изјави шефицата на дипломатијата на Белгија, Софи Вилмес.

Новите пасоши ќе вклучуваат 48 безбедносни техники и треба да бидат двојно побезбедни од сегашните кога станува збор за злоупотреба.

Белгискиот пасош моментно е седми најценет по слободата на движење што му ја обезбедува на имателот на глобално ниво од 199 национални пасоши.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот