ВИДЕО | Црногорски тренер доби отказ во Галатасарај откако ќе се степаше со навивачи

Фото: Screenshot

Tренерот на кошаркарскиот тим на Галатасарај, Црногорецот Ѕвездан Митровиќ доби отказ од турскиот гигант еден ден по поразот од Дижон (93:96).

Причина за отказот е незадоволството на управата. Турскиот тим имаше огромни 25 поени предност 80:55 против Французите, но на крајот претрпеа пораз. На сето тоа Црногорецот влегол во жестока расправија со навивачите на кои сакал да им возврати.

Во хаосот се вклучиле и членови на неговиот стручен штаб кои успеале да го оттргнат подалеку од фановите и да го испратат во соблекувалната.

На прес-конференцијата по натпреварот зборуваше дека не треба да поднесе оставка.

„Не знам зошто би поднел оставка. Не ми е јасно зошто ме прашувате такво нешто. Првпат слушам вакво прашање на прес-конференција“, одговорил Митровиќ на новинарите.

Очигледно раководството размислувало поинаку, па набрзо по натпреварот стигна потврдата за отказот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот