ВИДЕО | „Чудото“ на Ерзин – Единствениот град во Хатај кој не жали ниту една смрт од земјотресот

Земјотрес Турција/ Фото: Depo Photos/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Една недела по ужасниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, спасувачките тимови сѐ уште се обидуваат да спасат преживеани под урнатините. Бројот на загинати постојано се зголемува, а како најпогодени области често се наведуваат Газиантеп и Хатај. Но, постои исклучок, токму во провинцијата Хатај, а тоа е градот Ерзин, кој нема ниту еден мртов човек во својата околина од целосното уништените згради.

„Ерзин е град со 42.000 жители на оддалеченост од 15 километри од градот Османије, 110 километри од градот Хатај и многу блиску до Адана. Сепак, не загубивме ниту еден човек и немаме повреди. Единствените жртви се жителите на нашиот град кои беа во соседните области“, изјави за „Еуроњуз“ градоначалникот на Ерзин, Океш Елмасоглу.

Ваквата реалност тој ја препиша на тоа што во неговиот мандат како градоначалник не дозволил никаква дивоградба.

„Ми рекоа „ќе изградиме зграда, ќе ни дадеш дозвола?“ а јас им одговорив „Јас немам такво овластување. Не можам да правам такво нешто“, рече градоначалникот на Ерзин.

Како што додаде тој, зборувајќи за „Еуроњуз“, „дури и да се борите со оваа појава, граѓаните ќе продолжат да се обидуваат да градат дивоградби. Ако немате доволно персонал, немате 100% шанси да го контролирате ова. Но, имавме волја и рековме дека вакво нешто нема да правиме во нашиот период“.

Според неговите изјави, општината Ерзин ги утврдила и изречила соодветните казни, испраќајќи ги предметите пред судот. „Во оваа смисла мојата совест е чиста“, заклучи турскиот градоначалник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот