ВИДЕО: Чичко Дончо му порача на селекторот Ангеловски: Браво Игоре, не израдува сите бе синко

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски имаше интересен разговор за австралиското радио Ес-Би-Ес, на кој се вклучи и првиот селектор на нашата репрезентација, чичко Дончо, Андон Дончевски.

Чичко Дончо не ги криеше пофалните зборови за Ангеловски нагласувајќи дека заедно со репрезентативците постигнале историски успех кој долго ќе се памети.

– Браво Игоре. Не израдува сите бе синко. Ти знаеш, јас постојано те храбрев, и на крајот успеа. Ги сплоти сите, маправи силна репрезентација. Верував во тебе од самиот почеток, овој историски успех ќе биде одбележан со златни букви. Не надмина сите нас, зошто ја сплоти екипата. Сите играа како еден а најголема заслуга имаш ти Игоре. Бев за тоа Пандев да го вратиш во репрезентацијата. Твојата умешност дојде до израз. Толку паметно ја водеше репрезентацијата, ја водеше како искусен тренер, како да си Мурињо. Сакам да кажам дека залсужуваат честитки и претседателот Мети Сејдини и Филип Поповски, за тоа што те поддржаа. Големи поздрави и честитки за сите вас – му порача чичко Дончо на Ангеловски.

Актуелниот селектор не остана имун на зборовите на првиот македонски селектор и открива дека постојано имал поддршка од него.
– Благодарам на убавите зборови. Сакам да се заблагодарам. Чичко Дончо пред секој меч знаеше да ми се јави или да ми прати порака.Да кажам дека од првиот ден ако од некого имав поддршка тоа беше од него. И кога од таков човек ќе имате поддршка ве мотивира да успеете и да го исполните сонот на сите Македонци и во Македонија и во Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот