ВИДЕО | Чекале судење па се пресметале: Вооружена престрелка меѓу две групи пред судница во Измир со жртви

Пукање во Измир/Фото: Скриншот/Х

Инцидент со пукање се случи во понеделникот напладне пред судот во Измир, во предградието Бајракли, јавија турските медиуми.

Според достапните информации, две групи се расправале во просторите на ресторанот лоциран спроти судницата, додека чекале да започне судење за убиство.

Набрзо во жолчната кавга извадиле пиштоли и почнале да пикаат. Притоа едно лице е убиено, а тројца се повредени.

-Излегов од судот. Се судрија две групи. Бевме многу исплашени. За да се спасам од пукањето живот се сокрив под паркирана кола. Мислев дека е терористички напад. За жал, имаше луѓе кои беа тешко повредени, изјави очевидец кој се нашол среде пукотниците.

Полицијата започна истрага за инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот