Маричиќ: Сигурен сум дека СДСМ ќе има подобар резултат од првиот круг

СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ.

Маричиќ во изјава за медиумите дадена по одбележувањето на 121 година од смртта на Гоце Делчев, рече дека очекува на 8 мај партијата да има подобри резултати од првиот круг на изборите.

„СДСМ е силна партија, партија која има постапки, процедури, демократски капацитет и потенцијал да ги отвори сите дискусии и да ги анализира и причините за изборните резултати, но и последиците по државата и по партијата. Јас сум сигурен дека СДСМ ќе има подобар резултат од првиот круг и дека како партија ќе бидеме бедем кој ќе ги брани слободата, демократијата, социјалната правда, поголемите плати и пензии и патот на евроапските интеграции, сето она што ВМРО-ДПМНЕ, знам, дека планираат да го загрозат, рече Маричиќ.

Прашан колку пратенички места очекуваат да имаат во Собранието, Маричиќ рече дека за тоа ќе одлучат граѓаните.

За СДСМ рече дека е една од ретките партии, можеби и единствена, во која има токму многу демократски механизми.

– Сигурен сум дека сме една од ретките партии, ако не и единствена, која има толку демократски механизми внатре во партијата и за дискусија и за отчетен конгрес и за директен избор на претседател, што сето тоа ќе придонесе да зајакне партијата, да ги збиеме редовите и да излеземе уште посилни од оваа ситуација. Она што за мене е многу важно,а мислам и за сите, како што и кажува слоганот дека нема откажување од иднината, СДСМ да не се откаже од својата идеологија, своите политики и вредности, рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот