ВИДЕО | Бритни повторно ги загрижи нејзините фанови: Го означи и Џастин Тимберлејк на видеото

бритни спирс
Фото: Profimedia

Бритни Спирс на својот инстаграм – профил објави видео во кое танцува на песна од Џеј Зи, во која како спореден вокал се јавува Џастин Тимберлејк.

Под бизарното видео, пејачката го означи Џастин и со тоа предизвика бура од реакции од нејзините следбеници.

Бритни и Џастин беа едни од најпознатите славни парови, а нивната тригодишна врска ја прекинаа во далечната 2002 година.

„Колку само тагува по Џастин“, „Го чекаме коментарот на Џастин“, „О Боже, го означи“, беа само дел од бројните коментари на фановите, а  додека некои од нив сериозно се загрижија за Бритни.

„Се молам за тебе“, „Не се грижам за Џастин, но едноставно тој не треба да те гледа така“, „Општо, ова изгледа како да танцува пред огледало, не знаејќи дека ја снимаат и дека сево ова ќе заврши на Интернет“,„ Ова станува сè поболно за гледање “, „Ова е толку страшно“, „Таа не е добро“, се само некои од коментарите на нејзините бројни следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот