ВИДЕО | Бочварски: Инвестираме 50 милиони евра за патно поврзување со Бугарија

Благој Бочварски Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Инвестираме 50 милиони евра во патната инфраструктура за поврзување со Бугарија, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увидот на активностите за обнова на патот Трстија -Бигла.

Бочварски истакна дека со инвестициите во нови патишта во источниот регион се инвестиции во добрососедство и оти ќе овозможат подобро поврзување и соработка на општините, бизнисите и граѓаните од двете страни на границата.

Министерството за транспорт и врски, наведе Бочварски, како никогаш досега инвестира во изградба на нови патишта во источниот регион. Веќе е изграден првиот дел од експресниот пат Штип-Кочани, се гради вториот дел од овој пат којшто е многу значаен за поврзување на Штип и Кочани, но и за поврзување на овој регион со граничниот премин со Бугарија. Веќе е рехабилитиран  и патот од Македонска Каменица  до Делчево, а се работи и на овој алтернативен пристапен пат до Делчево од Виница.

– Во овој регион и во патните прваци кои директно ја поврзуваат Република Северна Македонија со Бугарија инвестираме 50 милиони евра во патната инфараструктура за поврзување на општините и бизнис секторот од двете страни на границите, така што ние инвестираме во добрососедство и во патната инфраструктура. Мора да го споменам и транзитот низ Делчево и патниот правец од Делчево до Ѕвегор со што даваме целосно нова слика на патната инфраструктура во источниот регон со што се поврзуваме и со Република Бугарија, изјави Бочварски.

Го рехабилитиравме, дополни тој, и патниот правец од Берово до Клепало, каде што едно од прашањата и интересите на двете држави е да се отвори уште еден граничен премин што ќе биде од значење за двете држави.

-Во меѓусебна комуникација и соработка  убеден сум дека можеме да дадеме свој придонес во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, конекцијата, зближувањето, но и економската соработка, рече Бочварски.

Тој најави и повторно актуелизирање на изградбата на пругата кон Бугаријаи нова постапка за избор на изведувач за делниците Куманово-Белјаковце и Белјаковце – Крива Паланка. По прекинот на изградбата на правата фаза и повлекувањето на изведувачот на работите се прави анализа колкав дел е завршен за да останатиот дел биде дел од постапката што ќе следи и за втората фаза.

– Очекуваме во првиот квартал од  2021 да биде распишана  новата постапка и  конечно да видиме нов прогрес со нов и сериозен  квалитетен изведувач  во овој дел, изјави Бочварски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот