ВИДЕО | Бизарно збогум: Џим Кери замина од Твитер, со објава на гол човек

Џим Кери/Instagram
Џим Кери/Фото: Инстаграм

Откако Илон Маск го презеде Твитер, луѓето го напуштаат Твитер, а меѓу нив е и холивудскиот актер Џим Кери кој од обожавателите на платформата се прости на бизарен начин.

Актерот во својата последна објава на Твитер, сподели бизарна анимација со опис: „Заминувам од Твитер, но еве една анимација што ја направив со мојот пријател Џими Хејворд. Се заснова на моја слика на луд, стар Чувар на светилник, кој стои гол во бура, ги повикува своите ангели и свети со својата ламба да нè води низ подмолната ноќ. Многу ве сакам сите“.

Видеото покажува светилник во бура, а во позадина се слуша ирска музика. Одеднаш се појавува црвенокоси човек, сосема гол и почнува да пее за ангелите кои „го исполнуваат местото со светлина“ и „ги водат низ бурата“ во темната ноќ, цврсто „држејќи ги шевовите на нивните едра“.


„Ќе ја запалам мојата светилка. До зори. Слатките ангели ме слушаат како се молам“, пее црвенокосиот човек, пред молња да го погоди светилникот, а тој почнува да се смее, оставајќи ги шокираните гледачи во тишина.

Твитерашите имаат поделено мислење за бизарното „простување“ на актерот. Некои тврдат дека станува збор за ремек-дело, додека други го нарекуваат лудо.

„Ќе ми недостигаш ти и твоите неверојатни уметнички дела што ме насмејуваа и ми го сочуваа здравиот разум недопрен! Благодарам“, напиша еден твитерџија, додека друг додаде: „Не заминувај Џими! Сè уште можеме да се забавуваме“.

Џим Кери се подготвува за пензија: Направив доволно…

ФОТО | Џим Кери си го честиташе роденденот: Стар сум, ама уште сум секси!

ФОТО | Се огласи и Џејда: Сопругата на Вил Смит ги збуни сите со објавата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот