ФОТО | Џим Кери си го честиташе роденденот: Стар сум, ама уште сум секси!

Џим Кери/Instagram
Џим Кери/Фото: Инстаграм

Најпознатиот комичар и актер кој оствари бројни улоги за паметење вчера го прослави својот 60 роденден.

Џим Кери, во свој „слободен“ стил ги поздрави сите свои фанови на Твитер мрежата со смешно видео на кое со гримаси сам си го честиташе роденденот и откри што ќе биде неговиот роденденски оброк.

„Наполнив 60 години и уште сум секси! А вечерва ќе уживам со варена пченка и компот од праски“.

Фановите му коментираа под видеото и му го честитаа роденденот, нарекувајќи го „чисто злато“, а не заборавија и да му се заблагодарат што толку години овој актер ги засмејува и им ги подобрува животите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jim Carrey (@jimcarrey__)

Џим Кери е канадски актер и комичар. Добитник е на два Златни глобуса и е еден од најпознатите комедијанти во Холивуд. Публиката ги памети неговите најпрепознатливи улоги на Ејс Вентура во истоимениот филм „Ace Ventura“,  Труман во „The Truman Show“, како и култниот Лојд во „Dumb and Dumber“. Познат е по својот луциден хумор и ефект на смеа кај милиони гледачи, но наспроти оваа веселост, актерот отворено призна дека долго страдал од депресивно нарушување.

Пред извесно време изјави:

„Порано или подоцна, секој лош период ќе заврши, и ништо не може да ме повлече на дното“.

Среќен роденден Џим!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот