ВИДЕО | Битиќи за исвиркувањето на македонскиот јазик: Сѐ уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностите

Фатмир Битиќи
Фатмир Битиќи во емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизија Канал 5 / 17 август 2022 / Фото: Фејсбук, Фатмир Битиќи

Живееме во општество на голема недоверба, општество во кое меѓусебно не се почитуваме и сѐ уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностите, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата по повод 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

„Исвиркувањето на македонскиот јазик го доживеав многу тешко. Тоа ни покажува во какво општество живееме, во општество на голема недоверба, во кое не се почитуваме и се уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностие. Јас сум еден од тие и ќе останам да се борам за концептот на ‘едно општество’“, истакна Битиќи во гостувањето на Канал 5 телевизија.

На прашањето за барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се одржат предвремни избори, тој уште еднаш повтори дека во време на криза сите треба одговорно да се однесуваат.

„Уште во 2020 година кога ми беше дадена можноста да бидам вицепремиер, кажав дека во период на криза сите треба разумно да се однесуваме. Сметам дека наместо да повикуваме на избори и референдум, треба заедно да седнеме и да видиме кои се решенијата за излез од кризата“, нагласи Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот