ВИДЕО | Битиќи за „Слободен печат“: 12.700 вработувања и 8 милијарди евра инвестиции не се предизборна кампања

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи веднаш по презентирањето на Интервентниот план за инвестиции од страна на премиерот Заев, во интервју за „Слободен печат“ говори за бенефитот за граѓаните и државата од успешноста на реализацијата на оваа амбициозна економска програма за развој.
„Оваа влада е различна затоа што креира мерки и политики, но пред се креира предвидливост. ИПИ (интервентниот план за инвестиции) ја носи таа порака до граѓаните, да знаат што ги очекува во нардниот период од шест години од економски аспект“, вели Битиќи.
Она што се нагласува во оваа економска програма е што таа отвора можности за неколку илјади нови вработувања, повисок стандард, еколошки почиста животна средина и компетитивност на државата во однос на регионот.
ИПИ е групиран во неколку сектори и е во вредност над 8 милијарди евра. 3,8 од нив се јавни инвестиции што значи дел од буџет но и дел од задолжувања кои веќе се преземени, дел од ЕУ и останатите средства во висина од 4,3 милијарди доаѓаат од приватниот сектор. Планот предвидува и 12.700 нови вработувања.