ВИДЕО | Били Ајлиш потврди дека е бисексуалка: Почна да губи голем број следбеници на социјалните медиуми

Фото: Michael Tran / AFP / Profimedia

Познатата пејачка Били Ајлиш (21) неодамна проговори за својата сексуалност, велејќи дека ја привлекуваат жени, а сега е изненадена од реакцијата на јавноста бидејќи мислела дека тоа веќе сите го знаат.

Во саботата, младата пејачка се прошета на црвениот тепих на настанот организиран од „Варајети“, за најдобрите песни на годината, каде што откри дека немала намера да направи грандиозно откривање на нејзината сексуалност.

 „Зарем не беше очигледно? Не сфатив дека луѓето не знаат. Јас едноставно не верувам во тоа. Јас сум само како: Зошто не можеме едноставно да постоиме? Го правам ова долго време, и едноставно не зборував за тоа“, рече Били за „Варајети“.

Во ноемврискиот број на магазинот „Варајети“, Ајлиш зборуваше за нејзините чувства кон жените.

„Имам длабоки врски со жените во мојот живот, пријателите во мојот живот, семејството во мојот живот. Физички ме привлекуваат. Но, јас сум исто така преплашена од нив и нивната убавина и нивното присуство“, изјави пејачката.

 

Како што пишува „Дејли мејл“, пејачката е „лошото момче“ на социјални мрежи, бидејќи изгуби повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм по изјавата за нејзината сексуалност.

Инаку, Били во минатото излегуваше со неколку партнери, меѓу кои и раперот Брендон Адамс, попознат како „7:AMP“. Подоцна беше во врска со Џеси Радерфорд, член на популарниот бенд „Нејбрхуд“. Двојката ја прекина врската по седум месеци. По паузата од љубовните врски, пејачката е видена во друштво на актерката Ава Капри на забава.

ФОТО | Били Ајлиш до „хејтерите“: Идиоти, не се продадов, туку сакам да изгледам како вистинска жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот