ВИДЕО: Барса ја растури Валенсија, Обамејанг почна да дава голови

Пјер-Емерик Обамејанг во првиот натпревар како стартер за Барселона даде два гола/ фото: EPA-EFE/Manuel Bruque

Фудбалерите на Барселона остварија убедлив триумф на гостувањето кај Валенсија од 1:4 во 25 коло во Ла Лига и ја продолжија битката за четвртото место на табелата.

Пјер-Емерик Обамејанг кој во јануари пристигна на „Камп Ноу“ постигна два гола и покажа дека ќе биде големо засилување во нападот на каталонскиот тим.


Барселона со новите три бода сега има 42, исто колку што има и Атлетико Мадрид кој пак има и натпревар повеќе. Бетис е третопласиран со 43 бода.

Во првиот натпревар како стартер, Обамејанг во 23 минута го отвори резултатот на „Местаља“. Девет минути подоцна, Френки де Јонг ја зголеми предноста, за во 38 минута, Обамејант повторно да се запише во листата на стрелци за убедливи 0:3 по првиот дел.

Второто полувреме започна со гол на Карлос Солер кој намали на 1:3. Валенсија продолжи со нападите, имаше поголем посед на топката, а Барселона својата шанса ја чекаше преку контранападите и од таква акција Педри постигна гол од 25 метри. Топката го удри Обамејанг го смени правецот и го измами голманот на Валенсија Мамардашвили.
Во следното коло Барселона на „Камп Ноу“ го пречекува Атлетик Билбао, додека Валенсија и гостува на Мајорка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот