ВИДЕО | Андоновиќ: Дали Блискиот Исток станува ново жариште за дефокусирање на војната во Украина?

Анализа со Дејан Андоновиќ/ Фото Слободен печат

По сѐ изгледа дека Израел стои зад нападот изведен со беспилотни летала врз фабрика за воена опрема во Иран. Така барем тврдат американските воени извори кои по нападот, први беа обвинети дека извшриле напад.

„Вол Стрит Журнал“ ја потврди оваа изјава цитирајќи неименувани американски официјални лица и луѓе запознаени со нападот. И агенцијата „Ројтерс“ цитирајки еден американски функционер, кој сакаше да остане анонимен, посочил дека Израел е вмешан во нападот.

Други американски официјални лица одбија да го коментираат настанот, освен што соопштија дека САД немаа никаква вмешаност.

Иран во неделата соопшти дека пресретнал беспилотни летала чија цел била цел во близина на градот Исфахан, додавајќи дека нема жртви.

Иранските државни медиуми објавија снимка на која се гледа блесок на небото и возила за итни случаи на местото на настанот, јави Ал Џезира

Израелската војска одби да коментира за овој напад . Инцидентот се случи додека израелските и американските официјални лица разговараат за нови начини за спротивставување на дестабилизирачките операции на Иран, вклучително и продлабочување на воената соработка со Русија.

Оваа соработка и пред се тензиите кои изминативе денови ексалираат на Блискиот исток укажуваат дека можеби Москва се обидува да испоровцира нови конфликти за да го намали притисокот кој во моментов се случува со војната во Украина.

На нападот врз иранската фабрика им престоеше ракетниот удар кој изралската армија го изврши врз палестинските милитани, во кој загинаа 10 лица.

Обновувањето на тензиите на Блискиот исток во време кога се разгорува војната во Украина, ги загрижи САД и сојузниците поради што шефот на Стејт Департментот, Блинкен се наоѓа на блискоисточна дипломатска турнеја. Дополнителен проблем во регионот предизвика и палењето на Куранот и пред се турското противење за влез на Финска и пред се Шведска во НАТО што ги разгори тензиите.

Турција ги предупреди своите граѓани за можни дискриминаторски напади во Европа и САД, по серијата исламофобични настани и откако Шведска, Норвешка и Данска издадоа предупредување до своите граѓани да избегнуваат големи собири во Турција.

Граѓаните кои живеат или патуваат во Европа или САД треба да бидат внимателни и да избегнуваат области со поголеми демонстрации, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

„Неодамнешните исламофобични и расистички дејствија против Турција покажаа опасно ниво на верска нетрпеливост и омраза во Европа“, соопшти Министерството за надворешни работи во Анкара.

Предупредувањата беа издадени набргу откако министерствата за надворешни работи на Шведска, Норвешка и Данска ги предупредија своите граѓани да избегнуваат големи собири во Турција поради неодамнешните тензии.

Тензиите меѓу Турција и некои европски земји, вклучително и Шведска, која сака да стане членка на НАТО алијансата, неодамна се зголемија поради протестите кои Анкара ги смета за исламофобични и насочени против Турција.

Овие тензии се поврзуваат со руско-украинската војска каде продлжуваат судирите и каде освен борбите на теренот, трае дипломатското и геостратешко надмудруввање на завојуваните страни.

Едно од плановите е секако намалувањето на притисокот на украинскиот фронт и отварање на нови жаришта како што би можеле да бидат Балканот и Блискиот Исток, предупредуваат експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот