ВИДЕО | Андоновиќ: Франција го признава Нагорно Карабах – обврзувачки документ или обичен лист хартија

6386138 14.11.2020 An armored personnel carrier with Russian peacekeepers is seen near the Dadivank Armenian monastery, in the self-proclaimed Nagorno-Karabakh Republic. Russian peacekeeping troops deployed to the mountain enclave of Nagorno-Karabakh on November 10 as part of a ceasefire deal designed to end six weeks of heavy fighting between Azerbaijan and ethnic Armenian forces.,Image: 569000672, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Maksim Blinov / Sputnik / Profimedia

Горниот дом на Францускиот сенат побара од владата на претседателот Емануел Макрон да ја признае независноста на Нагорно Карабах. Со 305 гласови за еден против и 30 воздржани Сенатот усвои резолуција со која се бара признавање на Република Нагорно Карабах , сепаратистички регион на Азребеџан во кој живее ерменско мнозинство и каде неодамна беа запрени неколку неделните воени судири на Азербеџан и Ерменија.

Оваа резолуција е симболична бидејќи нема обврзувачки карактер, но го покажува расположението и намерите на француската политика да ја спречи намерата на Анкара која преку својот сојузник Азербеџан сака да има влијание во овој дел на Кавказот. Во текстот на реолуцијата се осудува агресијата на Азербеџан кој со помош на Турција ја извршила воената агресија врз Нагорно Карабах и така предизвикала протерување на еремнското население кое со векови живее во овие области. Франција бара повлекување на сите турски и азербеџаски трупи од овие области.

Барањето упатено до владата на Макрон за признавање на Нагорно Карабах, според франуцкиот сенат ќе стави крај на повеќе децениските тензии меѓу Ерменците и Азербејџанците. Во барањата е предвидено и разместување на меѓународни воени сили кои ќе гарантираат мир како и да се спроведе меѓународна истрага за воените злосторства кои биле извршени за време на воените дејствија.

Во оваа област веќе се распоредени руски мировници, а од неодамна и турски воени сили, што за Франција е неприфатливо. Се смета дека оваа резолуција има за цел да се подржи Ерменија, која со најновиот мировен договор беше принудена да го признае поразот и да ја признае воената победа на Азербејџан. За Азербејџан пак усвојувањето на резолуцијата на Францускиот сенат е обично парче хартија , кое е узвоено како резултат на ситните политички амбиции на одредени француски геостратешки интереси.

И Азербеџан и Турција ја оценија постапката на Париз како грубо кршење на меѓународното право, и грубо делување против суверенитетот на Азебеџан. Од друга страна проевропската влада на ерменскио премиер Никола Пашинијан оцени дека одлуката на францускиот сенат е историска и дека прашање на време е кога Нагорно Карабах ќе стане меѓународно признаена држава.

Русија беше посредник во преговорите помеќу Ереван и Баку за запирање на воените конфликти, а во регионот испрати и 3000 војниции воена опрема да го гаратнираат постигнатиот мир. Под команда на руските воени командати се наоѓаат и силите на турската армија која и покрај приотивењето на Москва сепак беа распоредени како воени набљудувачи на теренот.

Се смета дека покрај отворената подршка на Турција за своите муслимански браќа во Азебеџан, воена логистика во конфликтот со Ерменија дала и Москва, со намера прекувоениот пораз да ја урне прозападната влада на ермеснкиот премиер Никола Паишинијан.

Токму затоа Франција сега сака, независно од останатите западни сојузници, и таа да прати свои трупи кои би го спроведувале постигнатиот мир на теренот. Сите овие потези само укажуваат дека во иминатиот период додека администрацијата на Трамп е во заминување, Франција сака да го искористи вакумот и во стилот на своите историски империјални потези , да влијае врз геостратешките процеси на други континенти во светот.

Франција е веќе конфронтирана со Турција околу Сирија но и Либан и Либија. Сепак се појасно е дека ќе се чека преземањето на вкласта на овата амднистрација на Бајден со што САД најверојатно ќе ја имаат клучната улога во решавањето на овој замрзнат конфликт на Кавказот Нагорно Карабах е територија во којај живее мнозинско Ерменско населние. Таа се отцепи од Азербеџан со распадот на Советскиот сојуз кога избувна војна помеѓу овие две поранешни советски републики, во кој животот го загубија над 30 илади луѓе.

Од тогаш до сега двете страни на некокупати водеа војна за контрола на Нагорно Карабах и се до неодамна двете страни имаа променливи воени успеси на теренот. Последиот конфилт кој избувна во септември годинава, заврши со голема воена победа на Азербеџан врз Ерменија и преземање на конторлата врз клучните стратешки точки во оваа област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот