ВИДЕО: Алиоски и Лидс играат „топло-ладно“ во Премиер лигата!

Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Можеби и се очекуваше ваков Лидс кој после 16 години повторно е во елитата, со добри и лоши моменти, а тоа и се потврдува.

Составот на Марсело Биелса сезонава игра „топло-ладно“ на натпреварите, ја завршија ланската година со две победи над Вест Бромвич и Барнли, па ја стартуваа новата со порази од Тотенхем и Брајтон, следуваа две нови победи по ред и на тоа на гости кај Лестер и Њукасл, а сега поразен е дома од Евертон (1:2).

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски и на вечерашниот дуел на „Иланд роуд“ беше стартер и настапи до 78 минута кога беше заменет од Хернандез.

Во првото полувреме тимот на Анчелоти водеше со головите на Сигурдсон и Калверт-Левин, додека на стартот од вториот дел домаќинот само успеа да го ублажи поразот преку Рафиња.

На табелата Лидс е на 11 место со 29 бодови и во наредното коло ќе игра против Кристал Палас на 8 февруари дома. Евертон после 11 триумф е шестопласиран со 36 бодови. Се одиграа уште два меча од 22 коло, Манчестер сити беше подобар од Барнли (0:2), а со истиот резултат Лестер славеше кај Фулам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот